Sunday, May 12, 2013

Џунџули или кадифици

За да имате здрава градина или бавча, неопходни ви се зачински билки и цвеќе во истата. Денес ќе ви напишам нешто повеќе за сите нам добро познатите џунџули.
Тие, покрај невенот, се основните цветови во мојата бавча, од повеќе причини. Издржливи се на суша при летните горештини, мнооогу убаво изгледаат и имаат неодолив мирис што ме потсеќа на детството, особено после летен дожд, и што е најважно, извонредно добро го штитат зеленчукот од некои штетни наметници, особено тлото од нематоди, а пак ги привлекуваат оние корисните бубалки.
Многу лесно се размножуваат од семе. Затоа, секаде каде имате малку слободно место,особено меѓу патлиџани, пиперки, модри патлиџани и компири, посадете џунџули.

No comments:

Post a Comment