Thursday, November 21, 2013

Леб што не се меси

 http://www.surovoivkusno.com/vale-leb-sto-ne-se-mesi/

Овој леб е создаден за (не)домаќинки кои не се по месењето. Припремата е многу едноставна и не одзема многу време. Иако се пече, сепак е одлична алтернатива за лебот што секојдневно го наоѓаме во продавниците, а воедно и не содржи никакви состојки од животинско потекло!

Потребни состојки:
  • 1кг брашно (по свој избор)
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • вода (по потреба, отприлика 500-600мл)
  • ленено семе (по желба)
  • сусам (по желба)
  • ким (по желба)

Најпрво квасецот се активира во топла вода и една лажичка шеќер.
Брашното се меша со сувите состојки (сол, толчени семиња), па во него се додава активираниот квасец и вода онолку колку што е потребно да се добие густа смеса. Сето ова убаво се замешува (најдобро со дрвена лажица) и се остава на топло за да стаса.
Потоа смесата се претура во садот во кој ќе се пече (обложен со хартија за печење, или пак попрскан со брашно или семиња), по желба и одозгора се попрскува со семиња, и се остава уште малку да стаса.
Печењето зависи од густината на смесата, од рерната, а и од искуството на домаќинката :)  …се препорачува околу 15 минути на 200-220С степени, па потоа уште околу 15 минути на 180С степени.
Ако сте расположени за експериментирање, слободно може да му додадете разни зачини и други видови семиња според личниот вкус… Уживајте!

No comments:

Post a Comment