Еве ја мојата супа од коприва - природен лек против вошки кои ги напаѓаат билките:
- 1 кг. коприва ( која нема цвет ) се става во 10 литри одстоена вода, по можност дождовница и отстојува до 24 часа, не подолго, бидејќи ја губи `жарката`киселина. Претходно ги одвоив врвовите, првите 4 листа од копривата и ги ставив да се сушат за чај, кој е извонредно здрав. По 24 часа извадете ја копривата и искористете ја како ѓубриво, поставена помеѓу леите со зеленчук. Супата има темно кафеаво-зелена боја и не се разредува туку со неа директно се прскаат билките, а притоа и се прихрануваат. Прскајте колку што можете подиректно на вошките, со помош на прскала, за да не се распрскува на многу голем простор, бидејќи притоа може да ги избрка и корисните инсекти во градината.

No comments:
Post a Comment